За Гранд Кафе

Кафето е дневен ритуал, неизоставен дел од нашиот начин на дружење како што потврдува и фразата „ајде да одиме на кафе“ која претставува покана за дружење и начин да се помине дел од слободното време со некоја блиска личност.

Со голем ентузијазам, посветеност и љубов кон кафето, деведесеттите години во Србија е создадена првата приватна трговска марка на црно кафе – Гранд кафе, која брзо го најде својот пат до срцата на потрошувачите.

Само за неколку години, благодарение на одличниот и постојан квалитет и оргиналност, Гранд кафето ја стекна довербата на милиони љубители на кафе и стана водечки бренд во регионот. Суверено ја држи лидерската позиција на пазарот за кафе во Србија, БиХ и Македонија. Тајната на совршенството на Гранд кафето лежи во вниманието, стручността и посветеността на третирањето на секое зрно, во карактеристичниот мирис, вкус и довербата на потрошувачите, за што најдобро зборува фактот дека повеќе од 2 милиони домаќинства во регионот, денот го започнуваат со Гранд кафе.

Гранд кафето е дел од Атлантик Групата, мултинационална команија која во своето делување ги обединува производството, развојот, продажбата и дистрибуцијата на производите за широка потрошувачка, со присуство на пазарот во повеќе од 30 земји низ целиот свет. Динамиката во бизнисот, богатото портфолио на регионални трговски марки и силната развиеност на својата дистрибуција ја одликуваат Атлантик Групата и Гранд кафето како горд дел на успешниот тим за стратешкото деловно подрачје на кафето.

Со постојаното подобрување на технологијата и внимателно слушање на потребите на пазарот, Гранд кафето со години создава производи кои се позиционирани на самиот врв. Голем тим на експерти постојано работи на нови, современи и атрактивни производи, со тестирање на квалитетот, секојдневни контроли и подобрување на оргиналните рецептури.

Денес портфолиото на Град кафето го чинат сегментите на традициналното и инстант кафето со автентични брендови кои се внимателно создадени за различни кориснички структури и потреби.

Гранд кафето во секторот на традиционалните кафиња го претставуваат бредновите Гранд кафе Голд, Гранд Арома и Гранд Делукс.

Град кафето Голд е направено според посебни рецепти и наменето е за луѓето кои уживаат во традиционалниот вкус на силно домашно кафе со многу пена. Гранд Арома се појави како модерен одговор на желбите на потрошувачите со пософистициран и поурбан концепт за уживање во црно кафе. Гранд Делукс преставува премиум производ со супериорен квалитет на пазарот, кој е наменет за вистинските познавачи и љубители на кафе.

Модерното и брзо темпо на живот донесува нови потреби, барања и навики. Слушајќи го тој пулс, Гранд кафе направи производи прилагодени на модерниот начин на живеење и новите потреби на потрошувачите. Со спојувањето на традицијата, искуствата, знаењата и љубовта кон кафето, добиен е идеален спој, Гранд инстант кафе. Модерна, иновативна, широка палета на производи на инстант кафе е токму тоа што е потребно на сите генерации, во било која прилика, за секое расположение и за сечија душа!

Стекнатата доверба на купувачите е резултат на постојано исполнување на дадените ветувања и негување на вистински фамилијарни вредности. Клучен збор за градење на лојалноста на потрошувачите за Град кафе е почитувањето. Токму поради овие факти Гранд кафето е во постојана експанзија и денес претставува синоним за успех, највисок квалитет на производот, модерно работење и префинет пристап кон потрошувачите и пазарот.

Како лидер, Гранд кафето има и обврска и задоволство да своите потрошувачи постојано ги запознава со нови производи, нови вкусови но и да ги мотивира за усвојување на нови навики.

Почитувајки ги желбите на потрошувачите и нудејќи им повеќе од вкус, Гранд кафето изгради препознатлив концепт на уживање во кафето – секогаш со најдобар квалитет, богата лепеза на производи, препознатлива арома, врвно естетско уживање, иновативност и достапност во секој момент и на секое место. Концептот на уживање пренесен е низ единствениот корпоративен слоган кој јасно порачува дека е суверен владетел на пазарот за кафе во регионот: И мирис и вкус – Гранд кафе!

Единствениот ритуал на уживање во традиционалното кафе е безвременски затоа што дава добар мирис и вкус во животот. Тајната на совршениот филџан Гранд кафе лежи во вниманието, стручноста и посветеноста со која се однесуваме кон секое зрно, во препознатливиот мирис и вкус и со довербата на потрошувачите.

Гранд кафето изгради препознатлив концепт на уживање во кафето: секогаш најдобар квалитет, богата лепеза на производи, препознатлива арома, врвен мирис и вкус, иновативност и достапност во секој момент.